Дома Фудбал Каков пресврт: Тотенхем во последен момент го „украде“ планираното засилување на Челзи!

Каков пресврт: Тотенхем во последен момент го „украде“ планираното засилување на Челзи!

Чави Симонс беше на пат да стане нов член на Челзи, но се случи пресврт во ситуацијата.

Холанѓанецот одлучи да ја промени насоката и наскоро ќе биде дел од Тотенхем.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што известува Дејвид Орнштајн, Симонс ги помина медицинските прегледи и се очекува да биде промовиран како нов фудбалер на „петлите“.

Тотенхем ќе обезбеди 60.000.000 евра за неговото доаѓање. Со ова Томас Франк добива засилување во офанзивниот дел каде првично беше планиран Еберечи Езе.

Меѓутоа, него го зграпчи Арсенал, што ги натера „петлите“ да го активираат планот „Б“.

Тотенхем има максимални резултати по првите две кола во Премиер лигата, а оваа сезона ги очекува и учество во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи размислува за можноста за продажба на играчот од средниот ред, Енцо Фернандез

Според извори од TEAMtalk, Челзи е отворен за идејата да го продаде својот играч од средни…