Дома Фудбал Фенербахче му ја „удри клоцата“ на Мурињо по поразот од Бенфика

Фенербахче му ја „удри клоцата“ на Мурињо по поразот од Бенфика

Португалскиот стратег Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Фенербахче. Турскиот клуб донесе одлука да ја прекине соработката со „Специјалниот“ откако тимот беше поразен од Бенфика во плејофот за пласман во групната фаза на Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на истанбулскиот гигант оцени дека неисполнувањето на зацртаните цели е доволен аргумент за раскин на договорот, бидејќи клубот остана без настап во најелитното европско натпреварување.

Мурињо пристигна во Фенербахче минатата сезона со големи очекувања и амбиции за титула, но не успеа да ја донесе шампионската круна во Турција.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не се откажува од ѕвездата на Премиер лигата

Според написите на медиумите на „Островот“, раководството на Арсенал ги засилило преговори…