Дома Фудбал Романо: Чави Симонс ќе се приклучи на Тотенхем

Романо: Чави Симонс ќе се приклучи на Тотенхем

Тотенхем и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на кој Чави Симонс (22) ќе премине во лондонскиот клуб.

Холандскиот репрезентативец, некогашната детска сензација од школото на Барселона, во својата кариера настапуваше за ПСЖ и ПСВ пред да се приклучи на германскиот клуб, каде на 78 натпревари постигна 22 голови и асистираше за 24.

Денес се очекуваат лекарските прегледи, а потоа и потпишувањето на договорот, изјави Фабрицио Романо.

Според извори, трансферот вреди 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул работел и за наредниот преоден рок, го договори првото засилување за јануари!

Според извори од Англија, ‘Црвените’ веќе го заокружија планирањето за јануарс…