Дома Фудбал Чави Симонс веќе е во Лондон и го чека потпис!

Чави Симонс веќе е во Лондон и го чека потпис!

Чави Симонс е еден од играчите кој наскоро се очекува да го смени клубот во рамките на тековниот трансфер период. Се чини дека тој момент е на повидок, бидејќи извонредниот среден играч веќе пристигна во Англија.

Со голема веројатност може да се каже дека ѕвездата на Лајпциг својата кариера ќе ја продолжи во Премиер лигата. Очигледно е дека тоа ќе биде во Лондон, што го потврди и самиот играч со своето пристигнување во британската престолнина.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Но сè уште не е познато во кој клуб. Веќе цело лето се говори за интерес на Челзи за холандскиот репрезентативец, но последните денови и Тотенхем се вклучи во трката.

Спарс се во интензивно барање за напаѓачки среден играч. Градскиот ривал Арсенал им „го зеде“ Езеа, а преговорите со Сити за Савињо сè уште траат.

Од друга страна, Челзи решава една голема задача, бидејќи практично се договорил за заминување на Нкунку во Милан. Ова отвора можност за доаѓањето на Симонс, но завршувањето на трансферот на францускиот репрезентативец го чека и Алехандро Гарначо. Несомнено, ќе биде интересно во Тотенхем и Челзи во завршницата на трансфер периодот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато со кој меч ќе се отвори Мундијал 2026

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство наредната година ги одреди Мексико и Јуж…