
Дани Себаљос беше на чекор до преселба во Олимпик Марсеј, но договорот пропадна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првично, многу извори потврдија дека Себаљос бил отворен за премин, по што Реал и Олимпик постигнале договор, а играчот бил спремен да се пресели во Марсеј.
Сепак, во последен миг се предомислил и го запрел трансферот вреден 15.000.000 евра.
Извори кажуваат дека неговата крајна желба била да се врати во својот матичен клуб – Бетис!
Не е тајна дека Андалузијците веќе некое време се обидуваат да го вратат Себаљос, а неговите финансиски очекувања секогаш биле пресечна точка, но изгледа дека сега попуштил.
Според Матео Морето, Себаљос целосно ги прекинал преговорите со Олимпик и во следниве денови ќе донесе конечна одлука за својот трансфер.
Бетис истовремено работи и на враќањето на Антонио, по истекот на заемот од Манчестер Јунајтед.