
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП:7) денес на УС Опен ќе го игра својот натпревар од второто коло против Американецот Зак Свajда (АТП:145), кој е познат на спортската публика по својата трогателна семејна приказна.
Минатата година, по завршувањето на Вимблдон, откри дека неговиот татко Томас страда од рак на дебелото црево во четврта фаза на болеста.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Томас беше тениски тренер, а Зак покрај него го засака тенисот и започна да игра на само на две години.
Зак и неговото семејство веднаш започнаа кампања за собирање средства за лекување на таткото преку платформата „GoFundMe“, при што голема поддршка стигна и од многу тенисери, меѓу кои и Џон Иснер.
Во моментот, Свajда е 145-ти на светот, како квалификант стигна до второто коло на УС Опен, и нема сомнеж дека ќе продолжи да напредува на АТП ранг листата, а паричната награда ќе му помогне да продолжи да го поддржува својот татко во борбата со тешката болест.
Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Свajда се игра денес и нема да почне пред 17:30 по наше време.