Дома Фудбал Рибарскиот град даде една од најубавите приказни во европскиот фудбал

Рибарскиот град даде една од најубавите приказни во европскиот фудбал

Бодо/Глимт обезбеди настап во групната фаза на Лигата на шампионите. Клубот од северот на Норвешка во плејофот го исфрли австрискиот првак Штурм со вкупен резултат од 6:2. Во првиот натпревар Норвежаните на домашен терен славеа со огромни 5:0, а во реваншот загубија со 2:1.

Така, оваа сезона Лигата на шампионите ќе се игра и 200 километри северно од Арктичкиот круг, во малиот рибарски град Бодø. ФК Бодо/Глимт, клуб со стадион што собира само 8.000 гледачи, стана великан во Норвешка и сензација во Европа. Нивниот пат од втор ранг до полуфинале во Лига Европа претставува комбинација од иновативни ментални техники, тактичка револуција и уникатна филозофија што го редефинира поимот успех во фудбалот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бодо/Глимт не е обичен клуб – тој е еден од само два европски клуба што се наоѓаат внатре во Арктичкиот круг. Географската изолација е огромна: мора да патуваат 322 километри северно за да играат кај најблискиот лигашки конкурент Тромсо или 466 километри јужно до Розенборг.

До 1972 година, поради оддалеченоста, фудбалската федерација не му дозволуваше да игра во највисокиот ранг на фудбал. Иако од таа година му е дозволено да игра фудбал со остатокот од државата, културолошката разлика помеѓу северот на Норвешка и остатокот од државата сè уште постои. Директорот на младинската школа ја опиша како разликата помеѓу Баскија и остатокот од Шпанија.

Трансформацијата на Бодо/Глимт започнува во 2017 година, кога клубот токму што испадна од првата лига и се соочуваше со “колективен ментален слом”. Во тој момент се појавува Bjørn Mannsverk, 56-годишен поранешен командант на ескадрилата од Кралските норвешки воздушни сили, чие воено искуство вклучува мисии во Авганистан и Либија.

Mannsverk, кој развивал ментални техники за своите пилоти пред бомбардирачките мисии во Либија, се согласи да работи со клубот под два услови: играчите да му доаѓаат доброволно и да не биде нивен агент. “Кажав дека нема да излегувам и да ги поттикнувам одлуките на играчите во корист на клубот. Ќе бидам тука за играчите”, објасни тој.

Mannsverk воведоа радикална филозофија што се фокусира на “процес” наместо на резултати. Клубот повеќе не поставува специфични цели на почетокот на сезоната, не зборуваат за победи ниту гледаат на табелите. Наместо тоа, сите разговори ги насочуваат кон изведбите и она што можат да го контролираат.

“Кога се фокусираш на резултати, тоа генерира многу стрес. Фокусирањето на изведбите е навистина креативен процес”, објаснува Mannsverk. Оваа филозофија доведе до тоа играчите да почнат да се однесуваат како “најдобрата верзија од себеси”.

Резултатите се такви што Бодо/Глимт од 2020 година освои четири од петте норвешки првенства. Нивната доминација вклучува рекордни бројки: 2020 година го освоија првото првенство во 104-годишната историја со рекордни 103 гола во 30 натпревари. Следната година ја освоија втората последователна титула, и тоа со разлика од 19 бодови од второпласираниот.

И покрај ограничениот буџет, Бодо/Глимт ги зголеми приходите четирикратни од 2018 година, достигнувајќи 23.5 милиони евра. Клубот е рангиран како финансиски најодржлив клуб во Европа според анализата на платформата „Off the Pitch“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сериозен удар за Хрватска пред двата натпревара во квалификациите за СП

Хрватската фудбалска репрезентација ја очекуваат два натпревара од квалификациите за Светс…