Дома Останати Тенис Идеален термин: Познато кога Ѓоковиќ ќе го игра мечот од второто коло

Идеален термин: Познато кога Ѓоковиќ ќе го игра мечот од второто коло

Новак Ѓоковиќ ќе го игра мечот од второто коло против Американецот Захарија Свајде во среда од 17:30 часот по српско време на стадионот Артур Еш.

Ќе биде тоа нивна прва меѓусебна средба.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мислам дека еднаш играв со него, не сум сигурен. Го познавам во секој случај од порано. Не толку добро, но трениравме неколку пати заедно додека тој беше млад, еден од перспективните американски играчи. Пак домашен играч, секогаш е различно тоа поради публиката, може да го понесе да одигра меч на животот, нема што да изгуби. Ќе ја направам домашната задача и ќе се подготвам“, рече Ѓоковиќ.

Американецот до местото во главниот жреб стигна преку квалификациите, а на почетокот на последниот грен-слем победи против Жомбор Пирош со 6:4, 6:2, 7:5.

Победникот од тој меч ќе се соочи во полуфиналето со подобриот од дуелот Камерон Нори – Франсиско Комесанја.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Срамно, очајнички потег на Синер“: Италијанецот под жесток напад поради Ѓоковиќ

Нема сомнение кој е најголемата ѕвезда на годинешниот US Open. Најдобриот тенисер во истор…