Дома Фудбал Јувентус блиску до договор со центарфорот кој го обожава

Јувентус блиску до договор со центарфорот кој го обожава

Торинскиот Јувентус, кој го води хрватскиот тренер Игор Тудор, е близу до договор со ПСЖ за останување на францускиот центарфор Рандал Коло Муани (26) во Јуве, објавија италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најновата понуда на „Старата дама“ дури ги надминува барањата на европскиот првак. Јуве нуди десет милиони евра за едногодишна позајмица и обврска за купување следното лето за 50 милиони евра.

Коло Муани, чиј договор со ПСЖ е со важност до јуни 2028 година, пролетниот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Старата дама и ги одушеви сите со своите партии. Постигна десет гола и имаше уште три асистенции, а италијанските медиуми го фалеа како прототип на “модерната деветка”.

Фото: Снимка на екранот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де ла Фуенте: Чувар за Меси? Ни даде четири гола за 22 минути

Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте се потсети на натпреварот кој се …