Дома Останати Тенис Алкараз го шокираше тенискиот свет со новиот имиџ – ниту самиот не го планирал, објасни што се случило!

Алкараз го шокираше тенискиот свет со новиот имиџ – ниту самиот не го планирал, објасни што се случило!

Вториот најдобар тенисер во светот, Карлос Алкараз, синоќа го одигра својот прв натпревар на УС Опен и успеа да го совлада Рајли Опелка со резултат од 3:0. Сепак, резултатот не е главната тема по овој натпревар.

Алкараз ги изненади сите кога се појави на мечот со комплетно променет изглед, откако ја скрати својата густа црна коса, по која беше препознатлив.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На теренот на УС Опен, Алкараз излезе речиси целосно со кратка коса, бидејќи ја имаше скратено до максимум и ја избричил главата. Ова ги изненади неговите фанови и на почетокот многумина не успеаја веднаш да го препознаат.

Подоцна, Алкараз објасни зошто се решил на ваква промена на изгледот.

“„Едноставно, косата ми беше предолга и сакав да ја исшишам. Брат ми и јас бевме сами, тој не се снајде добро со машинката и многу ми ја скрати косата. Единствен начин да ја средам фризурата беше целосно да ја скратам и затоа е ваква. Искрено, мислам дека не е лошо, не сакам долга коса, а ионака брзо ќе порасне“, низ смеа раскажа Алкараз.

За да го совлада Опелка, Алкараз потроши два часа и седум минути, освојувајќи го натпреварот со сетови 6:4, 7:5 и 6:4.

Во следната фаза од овој Гренд Слем, Алкараз ќе игра против Матија Белучи од Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ немаше среќа – доби лоши вести од Индијан Велс (Фото)

Новак Ѓоковиќ немаше ич среќа со ждрепката за мастерсот во Индијан Велс! Неговиот прв рива…