Дома Фудбал Анчелоти не повика ниту еден фудбаалер во репрезентацијата на Бразил

Анчелоти не повика ниту еден фудбаалер во репрезентацијата на Бразил

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Ањелоти, го објави списокот на играчи за претстојните натпревари во рамките на квалификациите за Светското првенство.

Во септември, Бразил игра против Чиле и Боливија, а ова е вториот список што го составува Ањелоти откако го презеде селекторското место.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Она што ги изненади многумина е дека ниту еден од четворицата играчи од Реал Мадрид, односно Винисиус Жуниор, Родриго, Едер Милитао и Ендрик, не се на списокот. Го нема ниту Нејмар, кој моментално игра за Сантос.

Отсуството на Родриго и Винисиус беше очекувано, имајќи предвид дека Бразил веќе го обезбеди своето место на Мундијалот 2026, а селекторот одлучи да им даде шанса на други фудбалери и да провери на кого може да смета за СП.

Милитао неодамна ја санираше својата повреда, па селекторот не сакаше да ризикува. Ендрик се уште се опоравува од повредата.

Во врска со Нејмар, Ањелоти беше јасен.

“Нејмар има мала повреда и нема потреба да го тестираме. Сите знаеме кој е Нејмар – тренерите, репрезентацијата и навивачите. Како и секој играч, мора да биде во добра физичка форма за да биде на списокот,” истакна Ањелоти.

Списокот на Карло Ањелоти за натпреварите против Чиле и Боливија:

Голмани: Алисон (Ливерпул), Бенто (Ал Наср) и Уго Соуза (Коринтијанс).

Одбрана: Александро Рибеиро (Лил), Алекс Сандро (Фламенго), Кајо Енрике (Монако), Даглас Сантос (Зенит), Фабрисио Бруно (Крузеиро), Габриел Магалаеш (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Вандерсон (Монако) и Весли (Рома).

Среден ред: Андреј Сантос (Челзи), Бруно Гимараеш (Њукасл), Каземиро (Манчестер Јунајтед), Џоелинтон (Њукасл), Лука Пакета (Вест Хем).

Напад: Естеван (Челзи), Габриел Мартинели (Арсенал), Жоао Педро (Челзи), Кајо Жорге (Крузеиро), Луис Енрике (Зенит), Матеус Куња (Манчестер Јунајтед), Рафиња (Барселона) и Ричарлисон (Тотенхем).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус блиску до договор со центарфорот кој го обожава

Торинскиот Јувентус, кој го води хрватскиот тренер Игор Тудор, е близу до договор со ПСЖ з…