Дома Останати Историски подвиг: Евгениј Поп Ацев го преплива Ламанш!

Историски подвиг: Евгениј Поп Ацев го преплива Ламанш!

Македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев успеа да се запише во историјата на нашиот спорт со голем подвиг – препливување на каналот Ламанш.

Со тоа тој стана само петтиот Македонец кој ја совладал оваа релација, за што му беа потребни 9 часа и 43 минути.

Овој историски успех досега им успеал само на Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски.

Поп Ацев веќе еднаш во 2023 година се обиде да го совлада каналот, но тогаш остана без посакуваниот резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип УГД без освоен сет во Холандија, европската шанса сега ја брани дома

Македонскиот одбојкарски првак загуби со 0-3 кај Орион старс на стартот од квалификациите …