Дома Фудбал Евертон го засилува тимот со еден од најталентираните млади англиски фудбалери

Евертон го засилува тимот со еден од најталентираните млади англиски фудбалери

Талентираниот 19-годишен фудбалер на Саутхемптон, Тајлер Диблинг, ја продолжува својата кариера во синиот дрес на Евертон.

Ливерпулскиот клуб потпиша четиригодишен договор со младиот играч, додека „Светците“ ќе добијат 35 милиони фунти (околу 40,5 милиони евра) на име обештетување, со потенцијални дополнителни пет милиони преку бонуси – вкупно 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сметам дека ова е совршена комбинација со оглед на моменталната позиција на клубот,“ изјави младиот англиски репрезентативец за клупскиот сајт.

Диблинг е осмото засилување на тимот на Дејвид Мојс ова лето. Пред него, дојдоа Џек Грилиш (позајмица од Манчестер Сити), Карлос Алкараз (Фламенго), Тиерно Бари (Виљареал), Марк Траверс (Борнмут), Адам Азноу (Баерн), Кијернан Дјусбери-Хол (Челси) и Том Кинг (Вулвс).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…