Дома Фудбал Освои пет Лиги на шампиони со Реал. Сега заминува во Бундеслигата

Освои пет Лиги на шампиони со Реал. Сега заминува во Бундеслигата

Шпанскиот десен бек Лукас Васкез (34) денеска треба официјално да стане нов член на Баер Леверкузен. Фабрицио Романо објави: „Постигнат е договор со поранешниот десен бек на Реал Мадрид, кој во Баер пристигнува како слободен агент. Медицинските тестови веќе се завршени тајно, а договорот ќе биде потпишан во вторник.“

Васкез неодамна се прости од Реал по 18 години поминати во шпанскиот главен град. Неговото заминување беше во сенка на напуштањето на Лука Модриќ, но Васкез исто така беше многу ценет во Кралскиот клуб низ годините. Така ова лето ќе ги смени местата со Чаби Алонсо, кој во минатото дојде во Реал токму од Баер. Германската екипа сега ја води Ерик тен Хаг.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Васкез се приклучи кон Реал Мадрид во 2007 година како 16-годишник и настапуваше во сите категории на младинската академија, од тимот за помлади од 17 години до Кастилја. По една сезона на позајмица во Еспањол, своето деби во првата екипа на Реал Мадрид го имаше во септември 2015 година. Оттогаш, за десет сезони, тој собра 402 натпревари за Реал, во еден од најуспешните периоди во историјата на клубот.

Со клубот освоил 23 трофеи. Пет пати триумфирал во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, четири Евро суперкупа, четири шпански суперкупа и четири титули во шпанското првенство, а има и една победа во Купот на кралот. Има девет настапи за Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва би било големо изненадување: Џејми Варди пред неочекуван трансфер!

НОВИОТ италијански прволигаш Кремонезе започна преговори со легендарниот напаѓач на Лестер…