Дома Останати Кошарка Вакво нешто ретко се гледа: Кошаркарски натпревар се претвори во општа тепачка, ќе следат жестоки казни! (Видео)

Вакво нешто ретко се гледа: Кошаркарски натпревар се претвори во општа тепачка, ќе следат жестоки казни! (Видео)

Натпреварот меѓу Доминиканската Република и Аргентина во второто коло од AmeriCup, кошаркарското првенство за Северна и Јужна Америка, беше обележан со голема тепачка. Натпреварот заврши со победа на Доминиканската Република со резултат 84:83 по продолженија, а веднаш по крајот на натпреварот настана хаос.

Играчите се судрија на теренот. Започна со туркање, но брзо се претвори во размена на удари. Ситуацијата се смири по околу половина минута, но резултатите беа такви што аргентинскиот кошаркар Гонзало Бресан го напушти теренот со крваво лице, додека Доминканецот Дејвид Џонс беше одведен од салата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Не е јасно како започна тепачката, но претходен вербален конфликт помеѓу играчите наводно е причината. Се очекува ФИБА да излезе со реакција по овој инцидент, а највклучените учесници во конфликтот би можеле да добијат суспензии, можеби дури и до крајот на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пешиќ го „запали“ Белград – поради една реченица за Обрадовиќ е под жесток напад од навивачите на Партизан

Светислав Пешиќ го коментираше заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан и тоа предизвик…