
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми го помина првото коло на УС Опен, но неговите обожаватели ги загрижи можниот сериозен проблем со плускавецот на стапалото.
Ѓоковиќ ја започна новата трка за Гренд Слем титула со победа над домашниот тенисер Лернер Тиен, кој го победи со 3:0 (6:1, 7:6 и 6:2).
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Иако освои лесна победа, сериозна загриженост поттикнаа неговото стапало и проблемот со плускавецот кој го примора на медицинска пауза за време на првото коло.
Проблемот со плускавците му задаваше проблеми и на претходни турнири, влијаејќи на неговите резултати. Навивачите се особено загрижени бидејќи ваквите болки може да се засилат со секој натпревар, како што се зголемуваат напорите на турнирот.

Ѓоковиќ, меѓу вториот и третиот сет, повика физиотерапевт, а за време на медицинската пауза, се дозна и зошто српскиот тенисер го побара тоа.
Во телевизискиот пренос беше прикажан плускавецот кој остави негативен впечаток и вознемирување за сите фанови. Лекарите успеаа да ја средат состојбата за да може да го заврши натпреварот, но останува прашањето како ќе биде со стапалото на Ѓоковиќ до крајот на турнирот.