Дома Фудбал Тој си го одигра своето во Реал: Алонсо го повлече од игра, не знаеше дека го снимаат, па направи срамен потег (Видео)

Тој си го одигра своето во Реал: Алонсо го повлече од игра, не знаеше дека го снимаат, па направи срамен потег (Видео)

Реал Мадрид вчеравечер на гостувањето го победи Овиедо со 3:0 во натпревар од второто коло на Ла Лига, а во центар на вниманието е Родриго затоа што камерите снимија што направи Бразилецот кога го извади од игра Чаби Алонсо.

Иако Реал не блескаше премногу на вчеравечерното гостување кај новиот член на Ла Лига, на крај Кралевите успеаја да дојдат до нови три бода, што е сигурно најважно за нив.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Реал до победата го водеше Килијан Мбапе кој покажа дека игра во фантастична форма на почетокот на новата сезона во која се очекува тој да ја преземе улогата на водач на овој тим.

Гостите ја постигнаа предноста во 37. минута, кога токму Мбапе го совлада голманот на домаќините за 0:1 со асистенција од Арда Гулер.

Сепак, иако Реал успеа да запише нова победа во Ла Лига, јасно е дека состојбата во тимот на Кралевите не е најдобра бидејќи Алонсо има неколку незадоволни играчи во тимот, а тука посебно се истакнува Родриго.

Бразилецот вчеравечер конечно доби шанса да се проба од првата минута и многумина сметаат дека натпреварот против Овиедо му беше последна можност да се докаже, бидејќи во Реал не се двоумат да го продадат до крајот на летниот преоден период.

Родриго беше мотивиран за игра и имаше неколку добри потези, но Алонсо целосно го „пресече“ во 63. минута кога одлучи да го извади од игра, што не му се допадна на Бразилецот.

Додека излегуваше од теренот, се виде колку е незадоволен, а за негова жалост, камерманот продолжи да го снима и фати момент кога Родриго седна на клупата и почна да негодува.

Видеото може да се погледне ТУКА.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото на Белингем се карал со директорот на Борусија откако неговиот син бил заменет на полувремето

Марк Белингам во саботата дојде од Англија за да го гледа дебито на син му во Бундеслигата…