Дома Фудбал Шампионот Ливерпул вечерва игра против Њукасл

Шампионот Ливерпул вечерва игра против Њукасл

Штотуку започна Премиер лигата, а веќе сме сведоци на уште еден голем дуел од претходната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за соочувањето помеѓу шампионите Ливерпул и тимот на Њукасл, кој претходната сезона изненади многу, а сега ова може да се нарече и „дерби на Александар Исак“.

Александар Исак ова лето сакаше да го напушти Њукасл и да се пресели во Ливерпул, но управата не му дозволува тоа и го стави надвор од тимот, присилувајќи го да тренира со резервите. Сметаат дека ќе се врати кога сам ќе одлучи и кога ќе се „смири“.

Коиинциденција или не, овие две екипи се сретнуваат веќе во второто коло.

Ливерпул забележа победа против Борнмут во првото коло со 4:2, откако водеа со 2:0, противникот успеа да израмни, но на крајот сепак стигнаа до триумф.

Од друга страна, Њукасл ремизираше со Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите помеѓу Ман Сити и Родри се прекинати

Манчестер Сити му понудија нов договор на Родри пред повеќе од два месеца, но двете страни…