
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави, откако ноќеска во Њујорк го победи педесеттиот играч во светот Американецот Лернер Тијен после три сета, 6:1, 7:6, 6:2.
Мечот траеше два часа и 24 минути.
Ѓоковиќ, седмиот играч во светот, до победата во првиот сет стигна со освојување на брејкови во вториот и шестиот гем.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во вториот сет ниту еден тенисер не освои брејк, додека Ѓоковиќ во тај-брејкот победи 7:3.
Во третиот сет имаше вкупно шест брејкови. Тијен двапати го зема сервисот на српскиот тенисер, додека Ѓоковиќ освои четири брејка, вклучувајќи го и оној во осмиот гем со кој ја доби мечот.
Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против 145. тенисер во светот Американецот Закари Свида, кој во првото коло го победи 156. играч во светот Маѓарот Жомбор Пирош.
Фото: Принтскрин