Дома Фудбал Останато Tрагедија: Млад велосипедист загина на трка

Tрагедија: Млад велосипедист загина на трка

Младиот шпански велосипедист Иван Мендез Лук го загуби животот по масовен пад кој се случи за време на втората етапа од велосипедската трка Вуелта а Испана за младинци, која се одржа во саботата. Како резултат на трагедијата, организаторите одлучија да го прекинат продолжувањето на трката.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Несреќата се случи сред етапата што водеше од Ланге де Дуеро до Лагуна Негра во регионот Кастилја и Леон, кога повеќе од 20 возачи паднаа, а 18 од нив беа хоспитализирани.

Тројца велосипедисти се здобија со тешки телесни повреди, но најлоша беше состојбата на Мендез, кој подлегна на повредите.

Засега, состојбата на другите возачи не е позната.

“Вуелта Рибера ги прекинува своите активности поради смртта на возачот. Нашите мисли и поддршка се со неговото семејство и пријателите”, објавија организаторите.

Ова е втората трагична смрт на млад велосипедист ова лето, по смртта на 19-годишниот Италијанец Самуеле Привитера за време на трка во Вал д’Аоста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И оваа година Скопје ќе ги собере најдобрите пинг-понг играчи во светот

Скопје се подготвува да ги пречека најдобрите светски пинг понг рекети, по втор пат во ист…