Дома Фудбал Репрезентации Муслин веднаш си најде нова работа – ја презема Словенија

Муслин веднаш си најде нова работа – ја презема Словенија

Откако ја однесе Србија на Светско првенство и доби отказ, Славољуб Муслин веднаш најде нов ангажман и ќе седне на кормилото на словенечката репрезентација, пренесуваат српските медиуми.

Муслин со Србија избори директен пласман на Светското првенство во Русија, но потоа на општо изненадување спогодбено го раскина договорот со националниот сојуз. Според српскиот портал „Спортска централа“, го делат само неколку детали пред да ја официјализира соработката со Словенците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенија низ квалификациите ја водеше поранешниот македонски селектор, Среќко Катанец, но во конкуренција на Англија, Словачка, Шкотска, Литванија и на Малта го освои четвртото место во Ф-групата и си поднесе оставка.

Муслин, кој изминатите денови се поврзуваше и со селекторската функција во репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а во кариерата беше тренер на многу тимови, меѓу кои се Бордо, Црвена Звезда, Левски, Стандард Лиеж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…