Дома Фудбал Фудбалерот кој требаше да биде големо засилување за Милан не ги поминал лекарските прегледи

Фудбалерот кој требаше да биде големо засилување за Милан не ги поминал лекарските прегледи

Преместувањето на Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен кон Милан беше речиси завршена работа. Но, наместо потпис на договорот, нигерискиот фудбалер се врати назад во Германија откако не ги поминал медицинските прегледи.

Вообичаено е по медицинските прегледи, ако резултатите се позитивни, веднаш да се пристапи кон потпишување на договорот. Ова, сепак, не беше случај со Бонифас.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Милан му соопшти на напаѓачот дека ќе му го соопштата конечното решение за неговиот ангажман после викендот. Официјално, нема информации дека прегледите се негативни, но историјата на повреди на играчот предизвикува сомнеж.

Бонифејс минатата сезона беше отсутен 80 дена поради различни здравствени проблеми, пропуштајќи 14 натпревари. Ова е загрижувачки за Милан, особено ако се земе предвид дека за време на неговиот престој во Бодо Глимт имаше две повреди на вкрстните лигаменти, со кои пропушти вкупно 90 натпревари, и беше отсутен 537 дена.

Да беа резултатите од прегледите совршени, договорот веќе ќе беше потпишан. Иако нема официјални најави, постои индикација дека проверките откриле нешто што може да ги одврати Милан од, речиси веќе договорениот, трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дејан Станковиќ се враќа на чело на Црвена Ѕвезда

Дејан Станковиќ ќе стане главен тренер на српска Црвена Ѕвезда во вториот дел од сезоната,…