Дома Фудбал Навивачите сакаат Чурлинов да се врати во Јагелонија (Видео)

Навивачите сакаат Чурлинов да се врати во Јагелонија (Видео)

Полскиот тим Јагелонија од Бјалисток синоќа постигна импресивна победа со резултат 3-0 против Динамо Тирана од Албанија во првиот плејоф-натпревар за учество во групната фаза на Конференциската лига. Иако натпреварот заврши со позитивен резултат, навивачите на стадионот им дадоа внимание на македонските фудбалски фанови со еден посебен момент.

Навивачите на Јагелонија едногласно го скандираа името на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој ланската сезона настапи за нивниот тим како позајмен играч од англискиот клуб Барнли.

Фото: X/Kuba Seweryn

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали Донарума е најдобриот голман во светот?

Џанлуиџи Донарума доби пофалби од медиумите по ремито на Италија против Франција, но дали …