
Ливерпул летово вложи многу пари во доведување нови фудбалери, а засилувањата секако се повеќе од добри.
Така за тимот од Енфилд потпишаа Флориан Вирц, Хуго Екитике, Мило Керкез, а се надеваат дека за нивниот тим ќе потпише и Александер Исак.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Секако, мораше да има и продажби, па така Енфилд го напуштија Луис Диаз и Дарвин Нуњез.
Дијаз премина во Бајерн од Минхен за 65,5 милиони фунти, додека Нуњез потпиша за Ал Хилал во трансфер вреден 53 милиони фунти.
Пред да заврши прелазниот рок од Енфилд би требало да се случат уште некои заминувања, а Слот еден веќе одобри.
Според The Athletic, Редси решиле дека младиот Луис Коума може да оди или на позајмица, а може и трајно да го напушти клубот.
Ставот на Ливерпул веднаш привлече внимание на четири клуба кои ги подготвија своите понуди за овој млад фудбалер.
Станува збор за Шефилд Јунајтед, Хал Сити, Врекзам и Престон Норт Енд кои се заинтересирани за негово ангажирање до крајот на прелазниот рок.
Норич Сити исто така беше заинтересиран за него, но се одлучија за ангажирање на Макаму од Линколн Сити.
Фото: Принтскрин