Фудбалскиот сојуз на Германија го продолжи договорот со селекторот Јоаким Лев, кој се обврза да остане на селекторската функција до 2020 година.
Јоаким Лев човекот кој на Германија и ја донесе светската титула во 2014 година, се обврза да остане на селекторската функција до завршувањето на Европското првенство во 2020 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лев стана селектор на Германија по завршувањето на Мундијалот во 2006 година, а претходно две години беше прв асистент.
Како селектор на сите големи натпреварувања со Германија стигнуваше најмалку до полуфиналето, круна на кариерата му е освојувањето на светската титула на Мундијалот во Бразил во 2014 година.
Инаку низ годините наназад името на овој стручњак често се поврзуваше со најголемите европски клубови, но тој секогаш и остана верен на германската репрезентација.