Дома Останати Тенис Ждрепка за УС-Опен: Ѓоковиќ го избегна Синер, но го чека можна средба со Алкараз во полуфинале

Ждрепка за УС-Опен: Ѓоковиќ го избегна Синер, но го чека можна средба со Алкараз во полуфинале

Организаторите на УС-Опен ја објавија ждрепката за последниот гренд слем турнир во сезоната, кој започнува во недела.

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е поставен како седми носител, а во првото коло ќе игра против Американецот Лернер Тијен. Во второто коло ќе се сретне со некој од квалификантите.

Србинот е во долната половина на ждрепката која ја предводи вториот рекет на светот Карлос Алкараз и може да се сретне со него во полуфинале, додека во четвртфинале би требало да се сретнат со четвртиот играч на планетата Тејлор Фриц, кој минатата година играше финале на US Open.

Новаковите потенцијални противници во третото коло се Алекс Микелсен, Камерон Нори и Себастијан Корда, додека осминафиналето би можело да му биде предизвикувачки, бидејќи веројатно ќе игра со Францис Тиафо или Халгер Руне.

Алкараз почнува против американскиот “бомбардер” Рајли Опелка, а веќе во осминафинале би можел да се сретне со шампионот од 2021 година Данил Медведев, додека потенцијалните ривали во четвртфинале се Бен Шелтон и Каспер Руд.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…