Дома Фудбал Хаос во Буенос Аирес: Општа тепачка помеѓу Аргентинци и Чилеанци!

Хаос во Буенос Аирес: Општа тепачка помеѓу Аргентинци и Чилеанци!

На натпреварот во Купот Судамерикана помеѓу аргентискиот Индепендиенте и Универзитет де Чиле настана невидено насилство и конфликти меѓу навивачите. Многумина се повредени, а некои извештаи од медиумите посочуваат и на трагични исходи.

Ел Паис известува дека натпреварот бил прекинат среде второто полувреме при резултат 1:1, кога се случиле сериозни инциденти меѓу навивачите. Полицијата задоцни со интервенцијата, организацијата на натпреварот беше катастрофална, а насилството од двете страни ескалираше. Десетици луѓе се повредени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Навивачите се тепаа со палки, запалени беа трибините, а на социјалните мрежи можеа да се видат крвави сцени со луѓе што не се мрдаа на деловите од трибините на гостинските навивачи.

Девет лица завршија во болница, а еден навивач е во критична состојба, изјави чилеанскиот амбасадор во Аргентина.

Ел Паис вели дека инцидентите започнале од страна на чилеанските навивачи незадоволни од местото на врвот на стадионот Индепендиенте. Почнале да фрлаат камења, метални шипки и да кршат седишта, напаѓајќи ги навивачите на Индепендиенте под нив. Запалиле и седишта и фрлале петарди кон делови од трибините каде што имало семејства со деца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гери Невил откри колку заработувал во својата последна сезона: Не ми беше гајле, ќе потпишев било што!

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гари Невил (50), сподели детали за својата …