
Седумкратниот европски шампион Милан е на чекор од остварување на најголемиот потег ова лето – доведување на голгетерот бидејќи е на чекор од ангажирањето на Виктор Бонифејс, напаѓачот кој последните две сезони ги помина во редовите на Бајер Леверкузен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според информациите, човекот кој во шампионската сезона на Бајер постигна 14 голови треба да пристигне на едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот догодина.
Истиот извор дополнува дека Бонифејс е главна желба на новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, човекот кој инсистираше на овој трансфер.
Доаѓањето на Бонифеј веројатно значи дека Милан се откажа од Душан Влаховиќ, кој ја одржува последната година од договорот со Јувентус.
Фото: Принтскрин