Дома Фудбал Суарез со два гола му обезбеди полуфинале на Интер Мајами (Видео)

Суарез со два гола му обезбеди полуфинале на Интер Мајами (Видео)

Интер Мајами обезбеди пласман во полуфиналето на Лига Купот, совладувајќи го мексиканскиот Тигрес со 2-1. Херој на мечот беше Луис Суарез, кој двапати стрелаше од белата точка. Лео Меси и натаму е надвор од терените поради повреда и не настапи на овој дуел.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Американскиот тим поведе уште во 20. минута, кога судијата досуди пенал поради игра со рака на противнички фудбалер. Суарез беше прецизен и донесе водство од 1-0.

Гостите се вратија во игра во второто полувреме – Кореа во 67. минута ја искористи несигурната реакција на одбраната на Интер Мајами и погоди за израмнување.

Сепак, завршницата повторно им припадна на домаќините. По интервенција на ВАР, во последните минути беше досуден нов пенал за тимот од Мајами, повторно поради игра со рака. Суарез уште еднаш покажа мирни нерви и ја затресе мрежата за конечни 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е најлудата трка за титула во Европа: На врвот е клуб кој не бил шампион 61 година!

Со само три кола до крајот, водечката четворка се наоѓа во рамките на три поени, што ветув…