Дома Фудбал Милан се засили со голгетерот на Леверкузен

Милан се засили со голгетерот на Леверкузен

Екипите на Баер Леверкузен и Милан постигнаа усен договор, додека го финализираат документите околу трансферот, со кој напаѓачот Виктор Бонифаце ќе се пресели на Сан Сиро“, соопштуваат Матео Морето и Фабрицио Романо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за позајмица на играчот со опција тој да биде откупен за околу 30 милиони евра. Милан е многу блиску до постигнување договор и со претставниците на Бонифаце за неговите лични услови, што може да се случи уште вечерва.

Нигерискиот репрезентативец е дел од Баер веќе две години, откако пристигна со трансфер од Ројал Унион СЖ во вредност од 22,6 милиони евра. Тој имаше важна улога за титулата во Бундеслигата во сезоната 2023/24, со вкупно 32 гола и 12 асистенции во 61 натпревар за „аспирините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем не губи време: договори уште еден дефанзивец од Премиер лигата

Тотенхем постигна договор со колегите од Брајтон за дефанзивецот Јаан Пол ван Хеке, пренес…