
На 12 август минатата година, Хулијан Алваарез стана официјално играч на Атлетико Мадрид, кога пристигна од Манчестер Сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тогаш, “јорганџиите” го отворија сопствениот рекорд за највисок трансфер, кој достигна речиси 95 милиони евра.
Аргентинецот минатата сезона ги одигра сите 38 натпревари во шпанската Ла Лига и постигна 18 голови.
Сепак, неговата приказна во Мадрид може да биде краткотрајна, бидејќи веќе летово би можел да го напушти Атлетико.
Извори блиски до напаѓачот откриваат дека Алварез е незадоволен од состојбите во клубот и не би имал ништо против да замине веќе една година по неговиот пристигнување.
🚨 Тимот на Julián Alvarez се кае за неговото преминување во Атлетико Мадрид. 😬
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) 20 август, 2025
(Извор: @elchiringuitotv) pic.twitter.com/EmgJyBYrrl
Според шпанските медиуми, причината за неговото незадоволство се должи на улогата што му ја доверил Диего Симеоне.
Имено, во минатата сезона, Алварез настапуваше на различни позиции на теренот – во средината на полето, како левокрилен, амортизиран напаѓач…
25-годишниот фудбалер бара да игра исклучиво на врвот на нападот, позиција на која смета дека му е природна и каде што мисли дека може да го покаже своето најдобро.
Останува да видиме дали сонародниците (Симеоне и Алварез) ќе успеат да најдат заеднички јазик или пак напаѓачот навистина ќе треба да го напушти клубот.