
Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, вечерта во вторникот, не можеше да биде задоволен од атмосферата на стадионот “Рајко Митиќ” во Љутице Богдана.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Црвена звезда загуби во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите против кипарскиот Пафос, а дел од навивачите на црвено-белите по натпреварот извикуваа непријатни зборови за Вучиќ.
Денеска, претседателот на Србија се осврна на стиауцијата на „Маракана“.
„Најлесно е да се насочи гневот на луѓето против некој свој. На стадионот на Партизан, јужната трибина секогаш ги поддржува своите играчи и ќе им аплаудира и кога губат. На северната трибина на Звезда, исто така, има верни која се со своите играчи, но исто така постојат и оние кои, иако навиваат за тој клуб, свират против него по првата згрешена топка, кои не се верни на никого и ништо“, изјави Вучиќ и продолжи:
„Тие веруваат дека имаат право да кажат дека подобро играат и разбираат фудбал од другите. И кога станува збор за државата, можеш да мислиш како ти е по волја.“