Дома Фудбал Стигна и потврда: Наполи испратил понуда за Елмас – познати и детали!

Стигна и потврда: Наполи испратил понуда за Елмас – познати и детали!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е на прагот на кам-бек во Наполи. Според италијанските медиуми, клубот од „Диего Армандо Марадона“ е подготвен да го донесе на едногодишна позајмица од Лајпциг, за што ќе издвојат 1,5 милиони евра.

Во зделката би стоела и клаузула за целосен откуп наредното лето во износ од 11,5 милиони евра, но без задолжителна обврска. Наполитанците ќе ја покриваат и целата плата на македонецот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Последниве недели се шпекулираше дека Елмас би можел да се пресели во Турција или во Премиер лигата кај Вест Хем, но се чини дека ќе остане на „чизмата“. Минатата полусезона тој веќе настапуваше во Серија А, бранејќи ги боите на Торино.

Елмас во јануари 2024 направи трансфер од Наполи во Лајпциг за 23 милиони евра, но не успеа да се етаблира во германскиот тим. Фудбалската кариера ја почна во Работнички, а во Наполи дојде во 2019 година од Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Моментот кога Буфон сфати дека е крај: “Ги видов телата на 20-годишниците под тушот покрај мене…”

Италијанската легенда, Џанлуиџи Буфон, зборуваше за својата блескава кариера, состојбата н…