Дома Фудбал Пенал во Премиер лигата предизвика голема бура: Две години чекаа на победа и на овој начин стигнаа до неа

Пенал во Премиер лигата предизвика голема бура: Две години чекаа на победа и на овој начин стигнаа до неа

Фудбалерите на Лидс Јунајтед по две години пауза се вратија во Премиер Лигата, а голот за триумф против Евертон (1:0) подигна многу прашина на Островот.

Лидс чекаше две години за влез во Премиер Лигата, каде што клубот со таков углед и припаѓа. Последната победа Лидс ја оствари на 4-ти април 2023 година во најелитниот ранг на англискиот фудбал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Но, изненадувањата конечно завршија. Веќе во првото коло на новата сезона во најсилната лига во светот, со резултат 1:0 беше победен Евертон, што може да претставува најава за добра сезона на клубот од Јоркшир.

На стартот на враќањето во лигата, Лидс успеа да извлече победа со помош на еден пенал, кој предизвика многу контроверзии во Англија. Досуден беше во 84. минута.

Ударот од далечина, кој се движеше кон рамката на голот на Евертон, го погоди Џејмс Тарковски истовремено во градите и горниот дел на раката. Многумина судии не би го досудиле како пенал.

Првично, ни судијата Крис Каванах не покажа на белата точка, но по прегледувањето на ВАР снимката, одлучи да го досуди пеналот за Лидс.

Точен изведувач беше германскиот интернационалец Лукас Нмеха, кој само шест минути претходно влезе во игра.

Голот и пеналот можете да ги погледнете овде.

Се разбира, одлуката на судијата Каванах предизвика жестоки протести од играчите на Евертон, навивачите и фановите на социјалните мрежи. Најгласен беше Тарковски кој никако не можеше да се помири со одлуката, знаејќи на кој дел од телото ја почувствува топката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти не го повика Винисиус за следните натпревари на Бразил

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Карло Анчелоти одлучи за следната репре…