Дома Фудбал Останато Во Скопје ќе се одржи ММА спектакл!

Во Скопје ќе се одржи ММА спектакл!

По пауза од над десет години, боречките спортови повторно добиваат своја голема сцена во Македонија. На 14 септември, салата „Јане Сандански“ ќе биде центарот на вниманието за љубителите на мешаните боречки вештини (ММА), кога во Скопје ќе се одржи врвниот настан „Армада 14“.

Овој спектакл, што се организира со поддршка на Министерството за спорт и ММА организацијата предводена од Ивица Алексовски, ќе донесе меѓународна ММА програма со осум до девет борби, а публиката ќе има можност да ги гледа и македонските претставници на рингот. Меѓу нив ќе се најдат и европските шампиони Даниела Алексовска и Марко Трајановски, кои ќе ја бранат македонската чест пред домашната публика.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Армада“ важи за една од најсилните организации на Балканот, а овој настан се смета за голем исчекор за домашната ММА сцена. Последниот ваков настан во земјава се одржа во 2013 година, под организација на поранешната ФФЦ. Повеќе од деценија подоцна, борбите се враќаат во Скопје со многу поголем ентузијазам и амбиции.

Главната борба на вечерта ќе биде вистинска интернационална пресметка помеѓу српскиот борец Никола Градинац и грузискиот претставник Гиорги Квелидзе. Градинац влегува како замена за Јован Лека, кој неодамна потпиша договор со УФЦ, што само ја потврдува квалитетата на борците вклучени во настанот.

Организаторите велат дека подготовките за „Армада 14“ траеле речиси една година. И покрај почетните технички пречки, успеале да ги надминат сите предизвици и најавуваат спектакл каков што одамна не сме виделе.

Билетите ќе бидат достапни по цени од 300 и 500 денари, во зависност од позицијата на седиштето, а интересот веќе е голем.

Прес-конференцијата на која ќе бидат соопштени сите детали е закажана за 25 август, додека ден пред настанот, на 13 септември, борците ќе имаат официјално соочување во трговскиот центар „Ист Гејт“.

„На 14 септември Скопје ќе биде ММА престолнина. По повеќе од десет години, конечно организираме настан од ваков калибар. ММА доживеа глобална експанзија и ни е драго што Армада доаѓа токму кај нас. Се надеваме дека овој настан ќе биде само почеток и дека следниот нема да го чекаме толку долго“, изјави Ивица Алексовски, претседателот на ММА организацијата за „Слободен печат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓоргиев: Историски ден, ќе го паметам до крајот на животот!

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва славеше против Грузија и со таа победа офи…