Дома Фудбал Алонсо: Подготвени сме, иако имавме само две недели подготовки

Алонсо: Подготвени сме, иако имавме само две недели подготовки

Чаби Алонсо, кој утре ќе дебитира на “Сантијаго Бернабеу”, е уверен дека неговиот тим е подготвен за почетокот на новата сезона, иако имаше само две недели за подготовки. Утре Реал Мадрид го пречекува Осасуна во последниот натпревар од првото коло на Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Возбудени и нестрпливи сме да ја започнеме сезоната. Имавме две кратки, но интензивни недели за подготовки и сега сакаме да излеземе на “Бернабеу”. Сакаме да започнеме добро, првиот натпревар отсекогаш е важен.

Дали тимот веќе има идентитет? Да ги правиме работите чекор по чекор. Тешко е вакво нешто да се измери. Сигурен сум дека имаме уште неколку работи што треба да ги додадеме, но основното, фундаменталните идеи, веќе беа претставени за време на Светското клубно првенство. Во овие две недели се обидовме да обезбедиме уште поголемо влијание во таа насока. Чувството е добро”, изјави Алонсо.

За иднината на Родриго, кој се поврзува со Манчестер Сити и Арсенал, Алонсо изјави: “Во летниот период има многу гласини. Сметам на сите. Сигурно сметам и на Родриго. 100%”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…