Дома Фудбал Баерн и Челзи сè уште не можат да се договорат за Нкунку

Баерн и Челзи сè уште не можат да се договорат за Нкунку

Баерн Минхен и Челзи сè уште не можат да се договорат за трансферот на напаѓачот на лондончани Кристофер Нкунку, јавуваат медиумите во Германија и на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината е што баварците сакаат да го земат 27-годишниот Французин на заем со евентуална опција за купување, додека Англичаните инсистираат на постојан трансфер. Двата клуба продолжуваат контактите, но во овој момент нема промена во нивните позиции, што може да го загрози преминувањето на фудбалерот на „Алијанц Арена“. Нкунку самиот сака трансфер во Баерн и неговите лични услови нема да бидат проблем.

Добро е исто така што Нкунку воопшто не беше во групата на Челзи за нултото реми против Кристал Палас во првиот натпревар од сезоната. Лондончани сакаат да се ослободат од него и Николас Џексон, за да ги финализираат трансферите на Чави Симонс и Алехандро Гарначо.

Баерн сака да ја засили својата напад, откако досега не успева да го привлече Ник Волтемаде од Штутгарт, а освен тоа беше напуштен од играчи како Томас Милер, Лерој Сане и Кингсли Коман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го доведе јунакот на Светското првенство: Торес го презеде бројот со најголема тежина!

Една од поголемите летни саги заврши денес претпладне, бидејќи шпанскиот репрезентативец Ф…