
Холандскиот напаѓач Себастијан Алер (31) ја напушти Борусија Дортмунд потпишувајќи едногодишен договор со Утрехт, соопштија клубовите.
Алер од јануари беше на заем во Утрехт, а по новите договори меѓу клубовите, се врати на стадионот Галгенвард потпишувајќи постојан договор.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
“Среќен сум и задоволен. Ова лето имаше многу интерес од други клубови. Но, за мене постоеше само едно идеално сценарио и тоа беше ФК Утрехт. Изградивме нешто големо ланската година и сакам да бидам дел од тоа подолго време,” изјави Алер за клупската страница.
Алер во 18 натпревари за Утрехт постигна шест гола помагајќи му на холандскиот клуб да го освои четвртото место во Ередивисија. Овој напаѓач од Брегот на Слонова Коска веќе настапуваше за Утрехт помеѓу 2015 и 2017 година, кога постигна 30 гола во 65 настапи.
Алер во Борусија се приклучи во јули 2022 година. Меѓутоа, набрзо по неговото пристигнување во Дортмунд, му беше дијагностициран рак на тестисите. Напаѓачот во наредните месеци помина низ две операции и хемотерапија, пред да се врати на терените на почетокот на 2023 година.
Вкупно настапи на 33 натпревари во Бундеслигата, постигнувајќи девет голови.