Дома Фудбал Шкупи не направил многу малку: Поради ова службено го загубил натпреварот со Силекс!

Шкупи не направил многу малку: Поради ова службено го загубил натпреварот со Силекс!

Екипата на Шкупи најави, но засега и понатаму е единствената која на својот стадион нема ВАР.

Проект менаџерот на системот во Македонија, Дејан Јакимовски објасни каде бил проблемот, односно што Шкупи до овој момент не обезбедил.

„Имаме еден технички дел и еден инфраструктурен дел. Техничкиот дел го обезбеди ФФМ и тоа е прилично скапо. Техниката ја обезбедува ВАР провајдер, станува збор за софтвер кој се поставува од компанија и има шест компании кои можат да поставуваат. Сите натпревари се снимаат со шест камери, четири се најмалку. Тие камери се обездуваат од федерацијата.

Секој стадион треба да има интернет мрежа и тоа го обезбедува ФФМ, тоа е обезбедено на сите стадони. Се направија максимални напори да има техничка соба на секој стадион, таа техничка соба испраќа сигнали до главната ВАР соба. Секаде го прават клубовите, но тука го направи ФФМ.

Шкупи има проблем со инфраструктурата, новата трибина  е без платформи за камери. И тие камери требаше да се вратат на старата и на таа немаше. Не сакам да навлегувам понатаму, не знам дали е финансии во прашање. Сите клубови тоа го исполнија, освен Шкупи“, изјави Јакимовски.

КОМПЛЕТНИОТ РАЗГОВОР ЗА ВАР ВО МАКЕДОНИЈА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси и Манчестер Јунајтед во трка за бразилскиот талент Консеисао

Челси и Манчестер Јунајтед внимателно го следат развојот на младиот бразилец Едуардо Консе…