Дома Останати Ракомет Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескаво деби во дресот на Битигхајм, откако со своите 16 одбрани беше клучниот човек за победата во германскиот Куп против неговиот поранешен клуб Потсдам.

Тимот на Битигхајм славеше минимално со 25-24, а токму Томовски беше херојот на мечот, не дозволувајќи им на своите поранешни соиграчи да го изненадат. За македонскиот репрезентативец ова беше прв официјален настап во новиот клуб, а веднаш успеа да се наметне пред публиката и да добие големи аплаузи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Со овој триумф, Битигхајм обезбеди пласман во 1/16 финалето од Купот на Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Голот на Манасков за ерупција во Битола против ПСЖ во топ 5 во Лигата на шампионите (Видео)

Тимот на Пелистер ремизираше против ПСЖ во Лигата на шампоните, а херој за македонскиот ша…