
Душан Влаховиќ во 2022 година пристигна со големи очекувања во Јувентус и веднаш го презеде дресот со број седум од Кристијано.
Србинот одлично го започна своето патување во Торино и преминот во Старата дама изгледаше како одличен потег за неговата кариера.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во последно време неговата важност започна да опаѓа, а летово од клубот му порачаа дека може да побара нова средина.
Најголемиот проблем е големата плата што ја има Влаховиќ, од која не сака да се откаже за да оствари трансфер во некој нов клуб.
Сега се гледа светлина на крајот од тунелот за српскиот напаѓач, за кого, според пишувањата на „Gazzetta“, се заинтересирала Барселона.
Освен италијанската „Gazzetta“, истата информација ја пренесе и шпанскиот „Fichajes“, кој додаде дека во Барса го гледаат Влаховиќ како одлична замена за Левандовски, кој е веќе во понижни години.