Дома Фудбал Официјално: Ал Наср доби големо засилување!

Официјално: Ал Наср доби големо засилување!

Досегашниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман, е новото засилување на Ал Наср, објави клубот од Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кингсли Коман (29) потпиша тригодишен договор со Ал Наср, при што финансиските детали за трансферот остануваат непознати.

Францускиот крилен напаѓач пристигна во Баерн во август 2015 година и во тој период одигра вкупно 339 натпревари, постигнувајќи 72 гола за германскиот тим.

Со Баерн освои вкупно 20 трофеи, меѓу кои и еден во Лигата на шампионите, а претходно во кариерата играше и за Јувентус и Пари Сен Жермен.

Со француската репрезентација, за која настапи вкупно на 58 натпревари, освои сребрени медали на Европското првенство 2016 година и Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Замина во тишина: Светот му предвиде величенствена кариера, а Светското првенство му беше последниот танц

Постојат фудбалери за кои сите веруваат дека ќе станат светски ѕвезди. Веќе како тинејџери…