Дома Фудбал Англија На Мурињо му се заканува сериозна суспензија!

На Мурињо му се заканува сериозна суспензија!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се соочува со најтешката казна во својата кариера, пренесуваат англиските медиуми.

Стара практика на Мурињо е дека кога тимот не му игра добро да му се виновни судиите, евентуално играчите, тој никогаш немал доблест кај себе да ја бара вината.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На последните две средби менаџерот на Манчестер Јунајтед јавно го кометираше судењето. Против Барнли судијата Клатенбург дури и го исклучи од клупата, и тој второто полувреме го следеше од трибините.

Ваквите испади Фудбалската асоцијација на Англија ги казнува со четири натпревари суспензија, но Мурињо може да мине и полошо, бидејќи тој сé уште е под условна казна уште од времето кога беше менаџер на Челзи.

Ако дојде до ова, а никој во Англија не се сомнева, Мурињо би можел да биде во “аут” не само до божиќните празници, туку и до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Предизвикаа реакции: Фудбалерките на Иран салутираа пред натпреварот со Австралија (Видео)

Иран е во воена состојба, а во таа атмосфера женската фудбалска репрезентација настапува н…