Дома Фудбал Изгледа е готово: Вчера можеби заврши дебатата околу „Златната топка“!

Изгледа е готово: Вчера можеби заврши дебатата околу „Златната топка“!

Доколку поразот од Челси во финалето на Светското клупско првенство внесол сомнеж кај некои, Суперкупот на Европа ја разјасни ситуацијата – Осман Дембеле е главен кандидат за “Златната топка”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Петте минути пред крајот, ПСЖ беше на работ на пораз, но се вратија со головите на замените Канг-Ин Ли и Гонсало Рамос. Иако не постигна гол, Осман Дембеле беше прогласен за играч на натпреварот, затоа што повторно беше најопасниот на теренот, а во дополнителното време прекрасно асистираше до Рамос за 2:2 и одведе во серија пенали.

Од белата точка беше прецизен, што допринесе да го насочи својот тим кон нов трофеј оваа сезона. 

ПСЖ и Дембеле оваа година триумфираа во Лигата на шампионите, Лига 1, Купот на Франција и сега Суперкупот на Европа.

Минатата сезона, Дембеле постигна 35 голови и додаде 16 асистенции на 53 натпревари, а сега ги додаде и своите извонредни настапи против Тотенхем.

Дали дилемата околу “Златната топка” е завршена со ова?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Парагвај може да се пресели во Серија А

Италијанскиот фудбалски клуб Торино изрази интерес за голманот на парагвајската репрезента…