Дома Фудбал Премиер лигата за случајот на Манчестер Сити: Ние не одлучуваме ништо

Премиер лигата за случајот на Манчестер Сити: Ние не одлучуваме ништо

Во 2023 година, Манчестер Сити беа обвинети за прекршување на правилата за финансиски фер-плеј од 2009 до 2018 година.

Извршниот директор на англиската фудбалска Премиер Лига, Ричард Мастерс, изјави дека лигата нема влијание врз донесувањето или времето на одлуката во случајот со многубројните обвинувања против Манчестер Сити, поврзани со наводни прекршоци на финансиските регулативи.

“Не можам да коментирам за ова. Нашите правила се јасни, не смееме да дискутираме за предмети додека обвинувањата се издигнуваат и додека не биде објавена одлуката. Сè уште ја чекаме таа одлука и не можам да шпекулирам за времето кога би била објавена”, рече Мастерс за Sky.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Сити беше обвинет во 2023 година за прекршување на контролата за финансиски фер-плеј во периодот од 2009 до 2018. Покрај тоа, клубот се обвинува и за несоработка во истрагата на Премиер Лигата за неговите финансии. Кога Премиер Лигата подигна обвинување против Манчестер Сити, во соопштението детално се наведени 115 прекршувања на правилата, но се смета дека реалниот број е 130.

Манчестер Сити, кој во овој период освои три титули во Премиер Лигата, ги негираше сите обвинувања. Минатата година, помеѓу септември и декември, се одржа 12-неделно сослушување, а се чека одлука од независна комисија. Се предвидуваше дека временскиот период помеѓу сослушувањето и пресудата од независното тело кое го управува случајот ќе трае неколку месеци, поради обемот на обвинувањата и количината на информации кои треба да се прегледаат. Пресудата сè уште не е издадена, а сезоната во Премиер Лигата започнува во петок.

“Она што можам да ви кажам е како функционира системот – тоа е независно судство. Кога обвинувањата се поставени, тие одат пред независно тело кое е избрано самостојно. Тие се одговорни за процесот и времето. Тие го сослушуваат случајот и ја одредуваат одлуката. Ние немаме влијание на тоа, ниту на временскиот рок. Ние само треба да чекаме”, додаде Мастерс.

Беше прашан дали е фрустриран поради долгото чекање на одлуката. 

Мојата фрустрација е неважна. Само треба да чекам. Правните процеси ретко се пократки од предвиденото. Треба да бидеме трпеливи“, изјави Мастерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бабунски пред потпис со новиот клуб!

Според најновите информации од Шкотска, македонскиот репрезентативец Давид Бабунски, кој н…