
По долготрајната потрага за засилување во нападот, Милан конечно успеа да го договори ангажманот на саканата цел, а тоа е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд.
Данскиот напаѓач (22) пристигна во Манчестер Јунајтед од Аталанта во 2023 година за импресивни 78 милиони евра. Сепак, на повеќе од 60 натпревари за клубот успеа да постигне само 14 гола.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Иако многумина го сметаа за големо разочарување во тимот на Црвените Ѓаволи, Манчестер Јунајтед успеа да договори продажба во пакет со вредност од над 50 милиони евра.
Милан ќе плати шест милиони евра за едногодишната позајмица на данскиот играч, а потоа ќе има можност да го откупи за 45 милиони евра, доколку сака да го задржи.
Росонерите очигледно веруваат дека ќе ја оживеат кариерата на младиот Данець.
Милан со месеци бараше напаѓач, а се фокусираше на Душан Влаховиќ од Јувентус. Сепак, договор со италијанскиот клуб не беше постигнат и Росонерите се насочија кон помлад, но исто така докажан играч во италијанската лига.
🚨 Расмус Хојлунд е на чекор до приклучување во Милан. ❤️🖤
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) 13 август, 2025
Плата од 6 милиони евра со опција за откуп од 45 милиони евра. 💰
(Извор: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/gYmTuDbbSW