
Новото засилување на Евертон, Џек Грилиш, изјави дека постоело само едно место каде сакал да оди, откако премина во тој клуб на позајмица од Манчестер Сити.
Грилиш од Сити премина на позајмица во Евертон до крајот на сезоната и е шесто засилување на клубот од Ливерпул во летниот трансфер период.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Тој изјави дека разговорите со тренерот Дејвид Мојс биле одлучувачки во неговата одлука да премине на стадионот Хил Дикинсон.
“Пресреќен сум што потпишав за Евертон – ова за мене значи многу. Ова е одличен клуб со одлични навивачи. Штом разговарав со тренерот, знаев дека постои само едно место каде сакам да одам. На социјалните медиуми ме преплавија пораки од навивачите на Евертон, така што постои и таа страна на приказната и тоа е уште една причина зошто го избрав Евертон”, изјави Грилиш, пренесе BBC.
“Сакам да им се заблагодарам на навивачите за сите пораки кои веќе ги добив. Ви благодарам за љубовта и поддршката. Се надевам дека ќе можам да ви се оддолжам, сигурен сум дека ќе успеам”,додаде 29-годишниот фудбалер.
Грилиш го избра бројот 18, кој го носеле легендите на клубот Пол Гаскојн и Вејн Руни.
“Моите омилени англиски играчи секогаш биле Руни и Гаскојн. Штом дознав дека договорот е близу, морав да проверам дали бројот 18 е слободен, што е совршено”, изјави Грилиш.
Фото: Принтскрин