Дома Фудбал Балотели: Жалам што не го дадов максимумот во кариерата

Балотели: Жалам што не го дадов максимумот во кариерата

МАРИО БАЛОТЕЛИ (34), некогашен репрезентативец на Италија, ги напушти редовите на италијанскиот тим Џенова откако му заврши едногодишниот договор. Овој контроверзен напаѓач минатата сезона настапи на само шест натпревари. Во моментов е слободен играч кој бара нов клуб.

“Сонував да играм за Реал Мадрид. Денеска само барам клуб кој ќе има доверба во мене. Сакам да играм уште две три години. Потоа ќе и се придружам на мојот брат Енок во аматерскиот тим Вадо. Му ветив дека ќе ја завршам кариерата играјќи со него”, изјави Балотели во интервју за Газета.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


“По сè што поминав, мислам дека можев повеќе да се ангажирам. Ми е жал што повеќе не играв за репрезентацијата. Некои луѓе не ме сакаа таму, но тоа е минато. Сега Гатузо е селектор и му посакувам сè најдобро. Тој е човек кој сигурно ќе го даде својот максимум”, изјави Балотели во пресрет на својот 35-ти роденден.

Балотели сега е во потрага по својот 12-ти клуб во професионалната кариера. Претходно играше за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор, Сион и Џенова. Беше исклучителен талент, но поради недостаток на дисциплина и несериозност, не ја достигна максималната професионална кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се огласи менаџерот на Донарума: Шокирани сме од тоа што го направи ПСЖ

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума ќе го напушти ПСЖ. По освојувањето на Лигата на шам…