Дома Фудбал Левандовски: Му кажав „да“ на Манчестер Јунајтед

Левандовски: Му кажав „да“ на Манчестер Јунајтед

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски и понатаму е еден од најпочитуваните голгетери, иако веќе блиску е до својата петта деценија. Веќе една и пол деценија игра врвен фудбал, а откри дека бил на прагот да се пресели на Олд Трафорд.

Полјакот ги тресе мрежите во Шпанија, исто како што ги тресеше во Германија. А според неговото сопствено признание, малку недостасувало да ги тресе и во Премиер лигата, бидејќи во 2012 година бил блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


– Кажав „да“ и тоа е вистина. Но Борусија не сакаше да ме продаде, сметајќи дека ќе вредам повеќе за една или две години – изјави Левандовски.

Иронијата на судбината сакаше Левандовски навистина да замине од Дортмунд две години подоцна. Но, замина во Баерн како слободен играч и Борусија не доби ниту цент отштета. Во Баерн играше фудбал на животот, а и во Шпанија покажува каков голгетер е. Сепак, малку жали што не се испроба во најсилната лига на светот.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младата ѕвезда на Реал не доби шанса оваа сезона. Клубот сака да го испрати на позајмица

Младиот бразилски талент Ендрик, според информациите, не сака да го напушти Реал Мадрид иа…