Дома Фудбал Себаљос се враќа во Бетис?

Себаљос се враќа во Бетис?

Долго спомнуваната приказна за можниот повторен трансфер на Дани Себаљос во Реал Бетис повторно е во центарот на вниманието, додека клубот бара замена за повредениот Иско.

Како што наведува Мундо Депортиво, Себаљос би можел ова лето да го напушти Реал Мадрид и да се врати во Бетис.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Интересот на Бетис значително порасна откако Иско со повредата на ногата ќе биде надвор од терените подолго време.

Се зборува дека Себаљос официјално побарал да го напушти Реал Мадрид за да се приклучи на Бетис, меѓутоа отштетата би можела да претставува пречка.

Реал бара до 20 милиони евра, додека Бетис сака значително пониска сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карвахал не може да се помири со ситуацијата – ги загубил нервите и намерно повредил соиграч!

Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, се соочува со значајна нервоза поради новата свој…